More

    Данок на солидарност досега платиле 96 компании, останатите 54 ќе си имаат работа со УЈП

    spot_img

    И покрај иницијативата на Стопанската комора пред Уставниот суд за оспорување на уставноста на Законот за солидарен данок, сепак 96 компании веќе го платиле данокот, бидејќи иницијативата не ги ослободува од оваа давачка.

    Според податоците на Управата за јавни приходи, 150 компании пријавиле обврска за плаќање на овој данок.

    – Согласно поднесените пресметки од даночните обврзници, пријавена е обврска за данок за солидарност во износ од 2.955.564.406 денари (48.057.957 евра) – велат за Плусинфо од Управата за јавни приходи.

    За останатите 54 компании кои пријавиле обврска за плаќање на данок, а не го платиле до 25 октомври, ќе следат мерки кои се предвидени со закон.

    – За даночните обврзници кои доброволно не го уплатиле данокот за солидарност во законски предвидениот рок, Управата за јавни приходи ќе преземе мерки согласно Законот за данок за солидарност и Законот за даночна постапка – велат од УЈП.

    Согласно Законот за данок за солидарност обврзник на данокот за солидарност е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари.

    Според пресметките на Владата, со овој данок еднократно ќе се соберат од 50 до 80 милиони евра.

    Даночната основа за данокот за солидарност се пресметува на начин што од износот на даночната основа по намалување утврдена во даночниот биланс за оданочување на добивката за 2022 година (АОП 49), се одзема просечниот износ на даночна основа по намалување утврдена во даночните биланси за оданочување на добивка за претходните периоди 2018, 2019 и 2021 година зголемен за 20%.

    Доколку е поповолно за даночниот обврзник, даночната основа за данокот за солидарност може да се пресметува на начин што од просечниот износ на даночната основа по намалување утврдена во даночниот биланс за оданочување на добивката за 2021 и за 2022 година, се одзема просечниот износ на даночна основа по намалување утврден во даночните биланси за оданочување на добивка за претходните периоди 2017, 2018 и 2019 година зголемен за 20%.

    Во случај на статусна промена, при утврдување на даночната основа за пресметување на данокот за солидарност, просечниот износ на даночна основа по намалување утврден во даночните биланси за оданочување на добивка за претходните периоди (2017, 2018 и 2019 година односно 2018, 2019 и 2021 година) се зголемува за 30%.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img