Даниловски: Омикронот наесен ќе остане поопасен од сезонскиот грип

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ефективниот репродукциски број на заразени со ковид-19 благо расте од 24 април, тврди епидемиологот Драган Даниловски.

-Тогаш беше околу 0,9, сега е над 1 и тоа се гледа од седумдневните процеси. За очекување е ваков благ пораст и во наредните денови со оглед на празниците. Гужвите ќе доведат до поголем број, но тоа нема да влијае на епидемиолошката состојба. Стојам на тој став и понатаму – изјави за ТВ Сител Даниловски.

Според него, наесен ќе има благ сезонски пораст на бројките.

-Во Јужна Африка се појавија нови варијанти за кои се верува дека се позаразени од сегашниот. Исто така има и во САД. Ако тие две варијанти успеат да станат доминанти во светот, веројатно и кај нас еден ден, порастот на бројките би бил малку поизразен, но ништо страшно нема да се случи. Колективниот имунитет што го имаме сретнато е ненадминлива бариера – вели тој.

Според него, сојот омикрон ќе стане ендемски вирус.

-Тој и понатаму ќе биде поопасен од грипот затоа што кај 30 до 40 отсто што го прележуваат вирусот, настануваат пост-ковид компликации. Исто така тој ќе биде опасност за невакцинираните граѓани – вели Даниловски.

Share This Article