More

    Даниловски фрли елек за спасување, владата на Мицкоски е на потег

    spot_img

    Епидемиологот и универзитетски професор Драган Даниловски на Фејсбук објави план за тоа како новата Влада да го спречи хаосот во здравството, или, според неговите зборови, слободниот пад на здравствениот систем.
    Меѓу 18 мерки кои ги предлага д-р Даниловски се ригорозна контрола на корупцијата во здравството, воспоставување мерит-систем при вработување, интегрирање на клиниките во еден Клинички центар, но и дисперзија на одредени терцијарни услуги, ревидирање на позитивната листа на лекови, укинување на „економските директори“, нов глобален  информатички систем кој ќе го замени Мој Термин…

    На крајот тој вели дека сите овие мерки кои ќе доведат до, како што вели, европско здравство, се можни со расположливите средства за здравствена заштита од повеќе од половина милијарда евра.

    „Пред новата Влада е тешка задача да го спречи ‘слободниот пад’ на здравството! Како? Ќе си дозволам некои сугестии (телеграфски составени), во рамките на моите скромни познавања и искуство:
    1. Со застанување на патот на корупцијата преку ригорозна контрола и санкционирање на виновниците;
    2. Со зголемување на бројот и спречување на одливот на здравствените работници (сите профили), преку зголемување на платите, воведување мерки за стимулација, доделување специјализации и др;
    3. Со воспоставување на мерит-систем при вработувањата;
    4. Со избор (не со назначување!) на носители на раководни позиции од страна на стручните колегиуми од редовите на најавторитетните кадри во установите и воведување за нив на задолжителна обука за здравствен менаџмент;
    5. Со укинување на административните (‘економските’) директори;
    6. Со подигање и изедначување на квалитетот на здравствените услуги во регионалните болници преку воведување стандарди за здравствените услуги, обезбедување дефицитарен стручен кадар и обновување на застарената инфраструктура и опрема, со што би се намалил притисокот врз скопските болници и универзитетските клиники;
    7. Со системска контрола на квалитетот на здравствените услуги во секоја здравствена установа;
    8. Со дисперзија на одредени терцијарни здравствени услуги (дисперзија на врвното здравство) надвор од метрополата: воспоставување на Центри за извонредност (Centers of excellence) за одредени специфични здравствени проблеми;
    9. Со интегрирање на универзитетските клиники во интегрален Клинички центар;
    10. Со оснажување на примарната здравствена заштита, зашто 80 отсто од манифестните здравствени проблеми се решливи на тоа ниво. Меѓутоа, 90 отсто се „невидливи“ (клинички неманифестни) и тие, исто така, може да се превенираат на ова ниво. На ова ниво, во соработка со Центрите за јавно здравје, обврска е да се идентификуваат и превенираат и ризик-факторите за одредени болести (пушење, пиење алкохол, физичка неактивност, дебелина…), со што би се постигнало дополнително намалување на „товарот со болести“ (burden of disease) врз секундарното и терцијарното здравство;
    11. Со оснажување (пред сѐ, кадровско) на превентивно-медицинската дејност (Институтот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје);
    12. Со планирање на изградба на нов Клинички центар дури откако ќе бидат исполнети точките 6 – 10 и 11. Само тогаш би било можно поточно да се процени ‘товарот со болести’ (веројатниот број на тешки пациенти) врз терцијарното здравствено ниво, а со тоа би можело оптимално да се димензионира новиот клинички центар; Недозволива би била ‘ѓутуре’ изградба на ‘фараонска пирамида’.
    13. Со воспоставување на глобален информатички систем што ќе ги вмрежи (интегрира) сите сегменти на здравствениот систем и ќе го направи функционален (сега задушен) системот ‘Мој термин’;
    14. Со ревизија на (формално) постоечката ‘Стратегија за здравство, 2021-2030’ и донесување на Акциски планови за секоја нејзина цел. Стратегијата да биде усвоена од Собранието, со цел да се издигне на ниво на ‘устав’ во здравството. Министерот да инсистира Стратегијата да биде поставена во Листата на приоритетни стратегии на Владата;
    15. Со ревидирање и проширување на одамна застарената позитивна листа со нови иновативни лекови;
    16. Со оснажување на Мрежата на итна медицинска помош;
    17. Со воспоставување на единствен, интегрален болнички систем, во кој нема да биде важна сопственоста (јавна-државна или приватна). Затоа што сите вршат дејност од јавен интерес. Приватните болници не може да претставуваат паралелен систем на јавниот.
    18. Со реформирање на системот на здравствено осигурување аналогно на пензискиот фонд, со што би се вовела конкуренција во оваа област.
    Со расположливите средства за здравствена заштита од повеќе од половина милијарда евра, можна е изградба на одржлив здравствен систем со европски квалитет на услугите“, напиша д-р Даниловски на Фејсбук.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img