More

    Дани Алвеш оди во притвор без можност за кауција

    spot_img

    Шпански судија одлучи бразилскиот фудбалер Дани Алвеш да биде приведен поради наводите за сексуално вознемирување, пренесува „La Sexta TV”.

    Алвеш е осуден на привремен притвор без право на ослободување со кауција. Судот првично го прогласи за виновен за насилни дејствија врз 23-годишна девојка.

    Триесет и деветгодишниот Алвеш е приведен во Шпанија под сомнение дека сексуално нападнал девојка во ноќен клуб. Жртвата го обвини поранешниот фудбалер дека ја допирал без согласност за време на божикните празници.

    Самиот Алвеш потврди дека бил во ноќен клуб, но ги отфрли сите обвинувања. Тој изјави дека ова е обид да му наштети нему и на неговите најблиски.

    Во моментов Алвеш е фудбалер на мексиканскиот „Пумас”. На Светското првенство во Катар, фудбалерот учествуваше на два натпревари како дел од репрезентацијата на Бразил.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img