More

    Данела Арсовска не гледа ништо спорно во двојните државјанства

    spot_img

    Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска потврди дека има двојно државјанство, но рече дека нема бугарско државјанство, туку чешко. Арсовска уште еднаш негираше дека има бугарски пасош или државјанство, но рече дека „има разбирање“ и дека „не е трагично“ ако некој има таков пасош.

    – Не велам дека тоа е лошо, дури и да е така, тоа не е грев. Има дел од луѓе кои го зеле од мака, од економски причини, дел го зеле за да шетаат по светот без препреки. Меѓутоа, да бидеш носител на бугарски пасош и да критикуваш дека некој друг го има, е тоа е трагично. Јас имам и чешко државјанство, но тоа вооче пшто не е важно – рече Арсовска во гостување на Инфомакс.

    Таа појасни дека чешкото државјанство го добила преку мајка си, по раѓање.

    Во екот на предизборната кампања од последните локални избори, СДСМ покажа документ од бугарското Министерство за правда, според кој Арсовска во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство.

    Арсовска негираше, се закани со тужба, а подоцна тврдеше дека ја тужела партијата СДСМ за обвиненијата, но од владеачката партија рекоа дека не добиле тужба по ова прашање.

    Арсовска на почетокот на мандатот како градоначалник на Скопје се откажа од титулата почесен конзул на Унгарија, дипломатско звање кое и беше доделено од владата на Виктор Орбан и врачено од унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто при отварање на почесниот конзулат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img