Данела Арсовска ќе „списка“ околу 92.000 евра за „пи-ар“!?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Актуелната градоначалничка на Скопје Данела Арсовска случила договор со маркетинт агенцијата Елемент Пи-ар од Скопје во вредност од 91.594 евра за „подготовка и имплементација на промоција на кампања за активностите на Град Скопје“, како што стои во договорот склучен на 31 август годинава.

Според Бирото за јавни набавки, каде што е објавен договорот, на тендерот се пријавила само една фирма, која е и победничка – фирмата Елемент ПР ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. „Миле Поп Јорданов“ во Скопје, а застапувана од уптавителката Татјана Лопарски. Износот на договорот е 5.651.389 денари со вклучен ДДВ, а страните се обврзуваат дека вредноста на договорот не мора да биде исцрпена.

Во склучениот договор се наведува дека маркетинг агенцијата се ангажира за подготовка и имплементација на промоција на кампањи за посебни проекти за активностите на Град Скопје во времетраење од една година. Истата фирма „Елемент ПР“, претходно ја водеше и кампањата за локалните избори на Арсовска, која настапи како независен кандидат, поддржана од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Останува нејасно зошто градоначалничката има потреба од дополнителна фирма за промоција на активностите на Градот, со огглед на тоа што Град Скопје веќе има служба за односи за јавноста.

Share This Article