Дами, слободно уживајте во парче пица. Имено, мажите потврдиле дека не бараат девојки со стомачни мускули. Згора на тоа, жените од понежниот пол со мал стомак ги сметаат за супер привлечни.
Благодарение на анкетата спроведена од FitRated, во која учествувале 2.000 луѓе, се наведува што бараат луѓето кога е физичкиот изглед во прашање.
Како што рековме, мажите не бараат партнерки кои можат да ги обвиткуваат рацете околу половината. Претпочитаат жени со облини, кои уживаат во животот. Исто така, жените сметаат дека е идеален просечниот облик на телото, а не мажите кои се убиваат во теретана. Според Индекс, сè што сакаат е маж кој повремено ќе ужива во нездрава храна со нив и кој е доволно висок (или жилав) за да ја убие секоја бубачка што ќе залута во куќата.
Хомосексуалците се најпребирливи и преферираат помускулести момци, додека хомосексуалните бараат просечни партнери, кои не се премногу мускулести, но немаат ниту преголеми облини.