Дами, што чекате? Тој е најпосакуваниот ерген во Европа и 37-ми најбогат човек

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

30-годишниот Марк Матешиц, син на починатиот австриски милијардер и основач на Ред Бул Дитрих Матешиц, се најде на 37-то место на листата на Форбс за најбогати луѓе во светот со нето богатство од 34,7 милијарди долари.

Инаку, по смртта на татко му минатата година, Марк наследил 49 отсто од Ред Бул, како и бројни луксузни имоти, како остров на Фиџи и австриски замок, како и имот во лондонскиот ексклузивен Најтсбриџ.

Како што пренесува Index.hr, Матешиц е сопственик и на компанијата за пијалаци Thalheimer Heilwasser, а поради неговото богатство многумина веќе почнале да го прогласуваат за најпосакуван ерген во Европа.

Меѓутоа, австриските медиуми објавија дека срцето на Марко веќе го украла една госпоѓа. Имено, милијардерот неколку пати беше виден во друштво на Викторија Сваровски (29), која неодамна раскина со Вернер Муерц (46).

Марк и Викторија беа заедно на трките во Ханенкам во ски-центарот Кицбил, но допрва треба да ги потврдат или демантираат гласините за романса.

Share This Article