Освежувањето на здивот со грицкање свеж магдонос датира од времето на старите Римјани. Порано грицкаа магдонос после јадење. Можно е тоа да е една од причините зошто е вообичаено да се ставаат парчиња од ова растение во чинии во многу ресторани ширум светот.
Друга причина е украсувањето на јадењето, за кое се вели дека потекнува од месарниците во античко време кои ставале магдонос околу свежото или печеното месо за да ја направат храната попривлечна за клиентите. Подоцна рестораните почнаа да го копираат. До 1915 година, магдоносот се ставаше на чинија во речиси секој ресторан.
Некогаш им пречеше на некои гости бидејќи се сомневаа како добиле парче од растението кое претходно било на туѓа чинија.
Секако, третата причина поради која магдоносот се наоѓа на послужениот оброк е да се подобри вкусот на храната, но во овој случај најчесто се сечка и се посипува на садот кој е веќе во чинијата.
Зошто магдоносот е добар за свеж здив?
Магдоносот содржи висока концентрација на хлорофил, кој ги уништува бактериите во устата. Тие почнуваат да се развиваат после јадење, а тоа е директна причина за лош здив.
Магдоносот е особено добар за џвакање после јадење јадења полни со лук или кромид. Покрај магдоносот помагаат и свежото нане, босилекот и рузмаринот, пишува 24сата.
Уште неколку предности на ова растение
– делува како антиоксиданс
– помага кожата да изгледа помлада
– го чисти телото од токсини
– го раствора вишокот маснотии во телото
– ги чисти бубрезите
– има антиинфламаторно дејство
– го зајакнува имунитетот
– полно е со витамин Ц
– содржи многу минерали