More

    Дали земате ибупрофен после алкохол? Колку е добро за вашето здравје

    spot_img

    Чаша вино или пиво може да ве опушти по напорната работна недела, но еден пијалок лесно може да се претвори во неколку.

    Можеби главоболката започнува пред да заспиете, па за да спречите лош мамурлак следниот ден, земете ибупрофен или два. Земањето ибупрофен и други нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ) на празен стомак може да предизвика гастроинтестинални проблеми, но земањето на овие лекови додека сеуште имате алкохол во вашиот систем може да биде уште полошо.

    „Мешањето на ибупрофен со алкохол е всушност опасно“, изјави д-р Џеси Хатгис за Health Digest.

    „Двете супстанции сами по себе можат да предизвикаат големи проблеми во желудникот, цревата, црниот дроб, срцето и бубрезите. Кога се земаат заедно, овие проблеми може да се влошат. Најчесто може да се појават чирови и крварење во желудникот“.

    Ибупрофен и другите НСАИЛ ја ублажуваат болката со ограничување на простагландините кои предизвикуваат болка и воспаление во вашето тело, пренесува N1 Загреб.

    Овие простагландини, исто така, ја штитат слузницата на вашиот стомак, поради што често се препорачува да се зема ибупрофен со храна.

    Ова е причината зошто земањето ибупрофен често може да предизвика чир на желудникот и проблеми со цревата, особено кај луѓе постари од 60 години.

    Алкохолот исто така ја иритира слузницата на желудникот и предизвикува воспаление.

    Колку долго после пиење алкохол можете да земате ибупрофен?
    Повеќето луѓе кои земаат ибупрофен можат да пијат еден пијалок без никакви проблеми.

    Ако сте имале повеќе од тоа, д-р Џеси Хатгис препорачува да почекате 24 часа пред да земете ибупрофен.

    „На крајот на денот, се зависи од тоа колку човек испил и колку брзо неговото тело го метаболизира алкохолот во неактивни метаболити“, рече тој.

    Поверојатно е да се појават проблеми со интеракцијата алкохол-ибупрофен ако често пиете алкохол и земате ибупрофен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img