Во тек е постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците по предметите во основно образование, доколку постапките се пролонгираат и по стартот на учебната година, учениците ќе го совладуваат знаењето од подготвени соодветни материјали додека ги добијат новите учебници.
Согласно концепцијата која Министерството за образование и наука ја усвои минатата година, тие се воведуваат етапно – лани за прво и четврто одделение, а во учебната 2022/2023 по нови наставни програми ќе учат учениците од второ и петто одделение.
– На анонимниот конкурс дел од ракописите се избрани, но има и такви кои се со забелешки од рецензентските комисии и тие треба да претрпат одредени измени/дополнувања. Откако авторот/авторите ќе ги имплементираат, ракописот со измените повторно се враќа кај рецензентите заради констатирање на измената – информираат од МОН.
Согласно концепцијата за основно образование, освен во печатен, учебниците од четврто и погорните одделенија ќе бидат достапни и во дигитален формат на порталот.