Некои сакаат да тренираат наутро, други претпочитаат попладне или навечер. Дали некогаш сте се запрашале дали времето во кое вежбате може да доведе до подобри резултати? Научниците тврдат дека може затоа што нашиот внатрешен телесен часовник или деноноќниот ритам играат улога во согорувањето на телесните масти.
Студијата, објавена во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences, покажа дека глувците произведуваат повисоки нивоа на ензими кои се користат за метаболизирање на мастите кога трчале на лента за трчање во првите три часа по будењето.
„Импликацијата е дека ако редовно вежбате наутро, вашето тело најверојатно ќе биде почувствително на разградување на маснотиите и нивно користење за енергија“, Џулин Зиерат, професорка по интегративна физиологија на Институтот Каролинска во Шведска, која работела на студијата, изјави за Daily Mail.
„Со други зборови, оние кои вежбаат наутро може да имаат подобри резултати за слабеење. Исто така, поради неговото дејство, утринското вежбање може да спречи зголемување на телесната тежина“, додаде таа, а пренесува Индекс.