Одржувањето нормален крвен притисок е важно бидејќи им овозможува на хранливите материи и кислородот да стигнат до сите делови на телото, вклучувајќи ги и важните органи како што се срцето, мозокот и бубрезите. Според американското национално истражување за здравје и исхрана, 70 проценти од возрасните постари од 65 години имаат висок крвен притисок, познат и како хипертензија.
Луѓето кои имаат хипертензија се изложени на многу поголем ризик од мозочен удар и срцеви заболувања, кои сè уште се водечка причина за смрт во светот. Сепак, конзумирањето на одредени намирници може значително да им помогне во тоа, тврдат диететичарите.
Јадењето здрав, хранлив појадок со малку натриум може да биде одлична основа за сите други оброци што ги јадеме подоцна во текот на денот. Како што пренесува Index.hr, вистинската храна за појадок може да помогне да се контролира крвниот притисок и да се подобри протокот на енергија.
Еве ги намирниците за појадок препорачани од диететичарите:
овесна каша
јајца
јогурт и бобинки
леб од цело зрно
несолени јаткасти плодови.