More

    Дали смртта на 19-годишна девојка е лекарска грешка?

    spot_img

    Анонимна претставка за несовесно лекување што резултирало со смртен исход е поднесена против д-р Газменд Амзаи од Клиниката за хематологија, кој е и советник на министерот за здравство за кадровски прашања, Беким Сали.

    Станува збор за 19-годишна девојка со ниско малигнен лимфом, за која има сомнеж дека починала како резултат на лекарска грешка и несовесно лекување. За случајот е извршен и вонреден инспекциски надзор.

    Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) иницирал стручен надзор до Лекарската комора на 13 јули 2022 година, но сѐ уште не е познато дали Комората формирала Комисија за овој случај.

    – Извршен е вонреден инспекциски надзор на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија, по добиена анонимна претставка за несовесно лекување и непочитување на современите медицински протоколи кај пациентка што резултирало со смртен исход. Извршен е увид во медицинската документација, која уредно се води и е инициран стручен надзор. Истовремено, одговорното лице е задолжено со решение да ја спроведе мерката свикување состанок на Комисијата за квалитет, која ќе изврши проценка на медицинската постапка и ќе изготви извештај – објаснува Ирина Бухова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

    Како што додава таа, Клиниката за хематологија постапила по решението и Комисијата за квалитет подготвила извештај кој го доставила до ДСЗИ.

    ДСЗИ нема законска можност да го оценува стручното работење на медицинскиот персонал, затоа иницира стручен надзор.

    Директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска, пак, одби да даде каков било коментар поврзан со овој случај.

    Д-р Амзаи како кадар на политичката партија Алтернатива е новоназначен член на експертската Комисија за ретки болести, на Националниот комитет за хемофилија, како и на тендерски комисии кои одлучуваат за лекување пациенти.

    Неговото име се поврзува со иницијативата за предвремено пензионирање на познати професори на Медицинскиот факултет, на кои им се закануваше кратење на правото да пружаат здравствена заштита и да едуцираат според законски пропишани норми. Како што е познато, овој случај заврши со тоа што некои професори добија право да продоложат со работа, а други се пензионираа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img