Дали се враќа кризата за Курилските Острови?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Руското Министерство за одбрана соопшти дека распоредило мобилни одбранбени ракетни системи во северниот дел на Курилски Острови, лоцирани помеѓу Јапонија и рускиот полуостров Камчатка.

Јапонија полага право на јужните Курилски Острови, кои се под контрола на Русија, кои Токио ги нарекува Северни територии. Москва и Токио спорат за Курилски Острови уште од крајот на Втора светка војна, кога советските трупи ги окупираа и ја истиснаа Јапонија.

Рускиот ракетен систем Бастион, со дострел до 500 километри, е распореден на островот Парамушир во северниот дел на Курилски Острови.

Руското Министерство за одбрана наведе дека распоредувањето на ракетен систем на островот Парамушир уследи една година по распоредувањето на системите Бастион на островот Матуа, во централниот дел на Курилски Гребен.

Центарот за стратешки и меѓународни студии со седиште во Вашингтон во извештајот од септември наведе руската милитаризација на Курилски Острови падна во сенката на инвазија врз Украина.

Русија се повлече од мировните преговори со Јапонија и ги замрзна заедничките економски проекти поврзани со спорните Курилски Острови откако Токио воведе санкции кон Москва поради инвазијата врз Украина.

Share This Article