Пулпата или „месото“ на тиквата содржи неколку состојки кои имаат антидијабетично, антигабично, антибактериско, антиинфламаторно, хипотензивно и антиоксидантно дејство. Жолтата тиква е зеленчук кој припаѓа на семејството Cucurbitaceae, кое освен тиква вклучува краставица, диња и лубеница.
Тиквите доаѓаат во различни облици и големини, со густа и мазна надворешна кора и месеста, влакнеста пулпа внатре, таканареченото „месо“, кое варира од жолта до портокалова или црвеникава боја.
„Месото“ од тиква содржи малку масти и голем број витамини и минерали. За ова и уште многу други важни информации за оваа вредна зимска намирница прочитајте на „Арт кујна“.