Постојат голем број причини зошто треба да јадете кикирики и производи од кикирики, како путер или масло од кикирики, но една од најважните последици од нивното консумирање е тоа што тие можат да ви помогнат да живеете подолго.
Да, добро прочитавте. Кикириките се една од најбогатите намирници со хранливи материи која дури може да ви го продолжи животот.
Кикириките се богати со здрави масти, протеини, влакна и содржат повеќе од 25 есенцијални хранливи материи кои се движат од витамини Б и есенцијални амино киселини до минерали како што се магнезиум, фосфор и калиум. Истражувањата покажаа дека биоактивните соединенија содржани во кикириките помагаат во здравјето на срцето и имаат многу други придобивки за човечкото тело.
Кикириките се вистинска суперхрана! Имено, една шака кикирики на вашата исхрана и дава околу 7 грама висококвалитетни растителни протеини, а богата е и со влакна, антиоксиданси и корисни фитонутриенти. Истражувањата покажаа дека готвењето или печењето на кикиритки го зголемува нивото на фитонутриенти, што ги прави уште поздрави.
Мастите од кикирики се првенствено мононезаситени и полинезаситени, а познато е дека и двете помагаат да се намали ризикот од срцеви заболувања. Здравствените институции, вклучително и Американското здружение за срце, препорачуваат јадење незаситени масти наместо заситени масти кои се наоѓаат во храната како што се путерот, полномасните млечни производи и масното месо.
Кикириките особено заситуваат и можат да помогнат во контролата на тежината, благодарение на нивните богати влакна и протеини, кои помагаат во забавување на варењето за да се намали гладот и да се зголеми ситоста после оброк, пишува Eat This.
Истражувањата покажуваат дека висококвалитетните протеини помагаат во регулирањето на хормоните на гладот, а влакната го подобруваат чувството на ситост и помагаат да се одржи здрава телесна тежина. Ова е веројатно причината зошто оние кои често јадат кикиритки и други јаткасти плодови имаат помала веројатност да бидат со прекумерна тежина или дебели, во споредба со луѓето кои не јадат кикирики или јаткасти плодови.
Студијата објавена во JAMA исто така покажа дека кикириките можат да ви помогнат да живеете подолг и поздрав живот. Истражувачите откриле дека учесниците во студијата кои рекле дека уживаат во кикиритки и други јаткасти плодови имале значително помала веројатност да умрат од која било причина – особено срцеви заболувања – за време на периодот на студијата. Една од главните предности на споменатите кикиритки беше нивната достапност во споредба со јаткастите плодови.
Неколку други големи студии со илјадници учесници, исто така, заклучија дека кикириките, како дел од здравата исхрана, можат да ви помогнат да живеете подолго.