More

    Дали Русите планираат лажен нуклеарен инцидент во Запорожје?

    spot_img

    Украинското Министерство за одбрана објави дека Русија планира да лажира нуклеарен инцидент во електраната Запорожје. Министерството вели дека неговото разузнавање сугерира дека Русите планираат да „лажираат“ несреќа во објектот – кој беше запленет од руските војници во март минатата година.Според украинското министерство, со ваквиот потег Русија сака да предизвика прекин на огнот во тој регион и инцидентот да и го припише на Украина.

    „Нивната цел е да ја испровоцираат меѓународната заедница и да спроведат детална истрага која бара прекин на огнот“, велат од Министерството.

    „Русите ќе ја искористат оваа пауза за да го прегрупираат окупацискиот персонал и да ја запрат украинската контраофанзива.

    Министерството за одбрана соопшти дека Русите ја „саботирале“ планираната ротација на персоналот на набљудувачката мисија на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во централата. МААЕ не спомена таков прекин, според SkyNews.

    Руските трупи ја зазедоа централата – најголемата нуклеарна централа во Европа – во раните денови на инвазијата. Оттогаш, областа е постојано гранатирана – двете страни меѓусебно се обвинуваат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img