Ако ја ставите пастата на четката за целосно да ја покрие, подгответе се за изненадување. Сепак, потребна е многу помала количина, барем така тврди британскиот стоматолог д-р Гао Џе Тех.
За постарите од три години доволна е количина колку зрно грашок, а доколку не сте забележале, оваа мерка често се означува и на самата паста за заби. Тој објаснува и дека сè повеќе од наведената мерка е опасност за децата чии трајни заби се уште не се целосно развиени, пишува Health, а пренесува Vijesti.me.
„Поентата е флуоридот, кој кога се внесува во големи количини може да предизвика козметичка состојба наречена дентална флуороза кај забите во развој, а може да биде блага, кога ќе се појават само жолтеникави или кафени дамки, до повидливи проблеми“, објаснува стоматологот.
Оваа состојка е важна за спречување на расипување на забите, а тоа го докажаа и студиите кои исто така тврдат дека пастата што не ја содржи нема да го спречи расипувањето на забите, пренесува Ordinacija.hr.
Стоматологот д-р Џефри Морис го потврдува ставот на својот колега и додава дека за возрасни препорачаната количина на паста е со големина на грашок на четка со меки влакна.
За деца помлади од три години, доволно е пастата да се „намачка“ на четката за да не ја голтнат. Детските заби треба да се мијат веднаш штом им се појават првите заби, односно околу шестиот месец од животот.
Ако користите помала количина на паста од препорачаната, можете да заборавите на нејзините придобивки бидејќи нема да може правилно да ги заштити забите поради недоволното количество на флуор и „пена“ што помага за правилно чистење на забите.
Стоматологот даде уште еден совет:
„Откако ќе ги исчистите забите, само исплукајте го вишокот и не плакнете со вода бидејќи на состојките им треба малку време да делуваат.