Дали прекинот на испораката на оружје е фатален удар за Киев?

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американската администрација ја запре испораката на одредени типови оружје за Украина, откако Пентагон заклучил дека залихите на САД за критични системи се „опасно намалени“, што предизвика загриженост во Киев и меѓу западните сојузници во услови на засилена руска офанзива.

Одлуката, објавена на 1 јули, се однесува на системи кои не можат лесно да се произведат во краток рок и кои, според интерната процена на Пентагон, мора да бидат резервирани за потребите на самата американска војска.

„Америка на прво место“

Одредени видови муниција претходно беа ветени на Украина од администрацијата на Бајден како помош во одбраната во повеќе од тригодишната војна. Паузата во испораките ја одразува новата поставеност на приоритетите под раководство на претседателот Доналд Трамп и следува откако службениците од Министерството за одбрана ја анализираа моменталната состојба со американските залихи и изразија загриженост.

– Оваа одлука е донесена за да се стават интересите на Америка на прво место, по ревизија на воената поддршка и помош што САД ја даваат на други земји низ светот. Силата на американските вооружени сили е неспорна – прашајте го само Иран –изјави портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, која аалудираше на неодамнешната наредба на Трамп за ракетни напади врз нуклеарни локации во Иран.

Израел, исто така, сака парче од тортата

Ревизијата на Пентагон утврдила дека залихите на некои од претходно ветените оружја се премногу ниски, па поради тоа дел од планираните испораки нема да бидат реализирани, според американски официјален претставник кој зборувал под услов на анонимност, бидејќи информацијата сè уште не е јавно објавена, се вели во текстот на Асошиејтед прес.

Министерството за одбрана не објави детали за тоа кои точно видови оружје се задржани.

– Американската војска никогаш не била поспремна и поспособна – изјави портпаролот Шон Парнел, додавајќи дека големото намалување на даноците и пакетот за трошење што се разгледува во Конгресот „обезбедува модернизација на нашето оружје и одбранбени системи за да се справат со заканите од 21 век во следните генерации.“

Претходно, кога претседателот Трамп се сретна со украинскиот лидер Володимир Зеленски – минатата недела на маргините на самитот на НАТО – тој остави отворена можност САД да ѝ испратат на Украина дополнителни ракети од системот „Патриот“, признавајќи дека тие се од витално значење за одбраната на земјата.

– Тие навистина ги сакаат тие ракети за пресретнување, добро, тие што ги нарекуваат „Патриот“. Ќе видиме дали можеме да обезбедиме некои. И нам ни требаат, знаете. Ги испраќаме и во Израел. Многу се ефикасни, 100% ефикасни. Тешко е да се поверува колку се ефикасни. Тие ги сакаат повеќе од што било друго – рече Трамп тогаш.

- Advertisement -
Ad image

„Не баш сега кога Русија ги засилува нападите“

Украинските власти веднаш реагираа. Министерството за одбрана соопшти дека одлуката на САД доаѓа во „многу чувствителен момент“, бидејќи Русија последниве недели значително ја зголеми фреквенцијата на воздушни напади, особено со дронови „Шахед“ и со балистички проектили.

Според украински податоци, за време на викендот беа истрелани повеќе од 500 различни проектили и дронови врз цели низ цела Украина. Украина вчера возврати со напад врз руска фабрика во Ижевск, при што загинаа 3 лица. Градот се наоѓа на повеќе од 1.000 километри од украинската граница.

Според актуелните податоци, Русија сè уште контролира околу 20% од украинската територија, вклучувајќи го и Крим.

- Advertisement -
Ad image

Украинското Министерство за надворешни соопшти дека секое одложување на американската воена поддршка би можело да ѝ даде на Русија дополнителен поттик да ја продолжи агресијата, а во официјалното соопштение, украинските власти истакнаа дека намалувањето или одложувањето на поддршката не води кон мир, туку само „го охрабрува агресорот да продолжи со војната и со теророт“, објави Вашингтон пост.

Во меѓувреме, советникот на претседателот Зеленски, Дмитро Литвин, соопшти дека Киев води интензивни разговори со САД на различни нивоа, со цел да се добие појаснување за ситуацијата и за идниот тек на поддршката.

Украинската противвоздушна одбрана зависи речиси целосно од западни системи – особено од американските Патриот и од германските ИРИС-Т. Со новата пауза, капацитетот за одбрана од воздух ќе биде „ограничен до опасно ниво“, предупредуваат извори од Генералштабот во Киев.

Исто така, Украина се соочува со сериозни проблеми со муниција за артилерија, особено за американските хаубици калибар 155 мм, кои се столб на фронтовската одбрана. Сè погласни се барањата Киев да добие поддршка од Европа – но тамошното производство е бавно, а бирократските процедури во ЕУ ја забавуваат реакцијата.

Притисок врз Европа да инвестира повеќе?

Во позадината на оваа одлука стои и поширок политички сигнал: САД сакаат Европа да преземе поголем дел од товарот. Како што укажуваат анализи на Волстрит журнал, ова може да се протолкува како индиректен начин на Вашингтон да ги поттикне европските партнери да инвестираат повеќе, по моделот на НАТО.

Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон веќе се во комуникација со украинското раководство, но засега нема јасна замена за изгубеното американско темпо.

Во текот на војната, САД постојано притискаа сојузници да ѝ испорачаат системи за противвоздушна одбрана на Украина, но многу земји се воздржани да ги отстапат своите напредни системи, особено источноевропските земји кои се чувствуваат директно загрозени од Русија.

Во меѓувреме, францускиот претседател Емануел Макрон за првпат по 3 години разговараше со рускиот претседател Владимир Путин. Двочасовниот телефонски разговор заврши без напредок – Макрон повика на прекин на огнот, а Путин повтори обвинувања на сметка на Западот.

Заменик-министерот за одбранбена политика, Елбриџ Колби, изјави дека службениците и понатаму „му даваат на претседателот силни опции за продолжување на воената поддршка за Украина, во согласност со неговата цел да се стави крај на оваа трагична војна.“

– Во исто време, Министерството внимателно го преиспитува и прилагодува својот пристап со цел да ја постигне таа цел, додека истовремено ја зачувува борбената подготвеност на американските сили за приоритетите на администрацијата – изјави Колби.

Досега, САД ѝ имаат испратено на Украина повеќе од 66 милијарди долари во оружје и воена помош од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

Share This Article