Дали на Вил Смит ќе му биде одземен Оскарот ќе знаеме попладнево.
Вил Смит минатиот викенд му удри шлаканица на Крис Рок на Оскарите, а потоа се повлече од Американската филмска академија, телото кое денеска ќе одлучува за неговата судбина – дали ќе му биде одземена златната статуетка.
Само неколку минути откако доби шлаканица на сцената, Смит доби Оскар за најдобар актер во главна улога за „Кралот Ричард“. И сега Академијата ќе одлучи дали ќе му ја одземе.
Бидејќи Академијата има повеќе од 9.000 членови, тековните разговори за Смит и Оскарот се водат, пренесуваат американските медиуми, „во стотици групи на WhatsApp“. Членовите наводно се поделени, околу половина од нив сметаат дека на Смит треба да му се одземе наградата заради прекршување на правилата на однесување, додека другата половина смета дека треба да ја задржи златната статуетка.
Правилата на однесување беа воведени во 2017 година, по скандалот со Харви Вајнстин, холивудскиот сексуален предатор. Академијата потоа воведе низа правила, кои треба да ги одразуваат „високите стандарди на чесно однесување“.
„Во Академијата нема место за луѓе кои го злоупотребуваат својот статус, моќ или влијание на начин што ги прекршува признатите стандарди на пристојност. Академијата силно се противи на злоупотреба, вознемирување или дискриминација врз основа на пол, сексуална ориентација, потекло, инвалидитет, возраст, вера или националност“, беше наведено тогаш. На Вајнстин не му беше одземен Оскар што го доби како продуцент на филмот „Вљубениот Шекспир“ во 1999 година.
Средбата што ќе ја одржи Академијата е закажана за денеска во 18 часот по наше време, а потоа ќе знаеме дали на Вил Смит ќе му биде одземен Оскар.