Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, се подготвува во Украина да испрати нова пратка оружје, која ќе вклучува и мулти-ракетни системи (МЛРС) за употреба на далечински системи.
Според медиумите, во плановите на САД е испраќање на своите најнови типови на МЛРС, кои се многу помодерни и поефикасни од тие што украинската војска ги користи во моментов, во пресметката со руските сили.
Не е објавено кога Украинците ќе ги добијат новите системи, но се претпоставува дека првата испорака ќе биде извршена во текот на летото. Одредени коментатори се надеваат дека токму новото оружје, ќе обезбеди пресвртница во војната и ќе ги натера Русите на повлекување.
Инаку, објавено е и дека од повеќе страни, украинското воздухопловство ќе добие 14 авиони „СУ-25“, како и повеќе Ми-17 хеликоптери.