Во неодамнешното интервју за Wall Street Journal, пејачот на легендарните Rolling Stones, Мик Џегер, навести дека своето богатство ќе го донира во добротворни цели, бидејќи на неговите деца „не им требаат 500 милиони долари за да живеат добро“.
Легендарната група Ролинг Стоунс наскоро ќе го објави својот прв оригинален албум по 18 години. Иако пејачот Мик Џегер не сака да се занимава со деловната и финансиската страна на музичката индустрија, тој во неодамнешното интервју за Wall Street Journal изјави дека тоа е неопходно.Тој зборуваше и за своето богатство. Музичката група со турнеи заработи милиони долари. Тие немаат план да го продадат својот музички каталог и да заработат повеќе, како што направија многу светски познати музичари, рече Џегер.
Во исто време, тој рече дека на неговите деца „не им требаат 500 милиони долари за да живеат добро“ и навести дека можеби ќе ги донира своите милиони во добротворни цели.
Џегер има осум деца. Најмладиот има шест години, најстариот 52 години.