Дали ќе се исценираат инциденти, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

СДСМ и владата да одговорат дали зачестените бегства од затворите се смислено сценарио во коешто побегнатите се пуштени да предизвикаат инциденти во државата на 4. февруари, за време на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев – праша на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Затворите се решето во кое што останува само оној што нема конекции со СДС. Одговорни за тоа се затворските управи и служби поставени од СДС во чија што хиерархија доминираат луѓе од таканареченото обезбедување на партиските собири на СДС. Во само еден месец најмалку три бегања се случија на територија на Скопје. Се посочува на врски меѓу избеганите и СДС, а молкот и немањето санкции упатува на сомнеж за намерни системски пропусти – рече Стоилковски.

Тој праша дали овие бегства се намерни да се предизвикаат, исценираат или организираат инциденти на 4 февруари, од кои како што рече, „ќе профитира само СДС на штета на Македонија“.

– Уште еднаш укажувам на сериозноста на моментот, како и на сериозноста од опасност од предизвикан инцидент, како и на јавниот интерес СДС да одговори на овие прашања. МВР мора сериозно да пристапи и избеганите да ги врати зад решетки, а министерот Тупанчевски да преземе сериозни мерки и санкции во затворската администрација. СДС, Спасовски и Тупанчевски не смеат да одмолчат на овие прашања. Состојбата којашто ја креираше СДС е пресериозна за да се тераат теснопартиските интереси – рече Стоилковски.

Share This Article