More

    Дали ќе не изненади снегот во април?

    spot_img

    Пролетта според календарот веќе одамна почна, но во прилог на тоа не говорат временските услови кои претходните денови се менуваат од час во час. Речиси во сите соседни земји има значителни врнежи на снег, па така вечерва и претстојната ноќ како и во деновите пред нас се очекуват врнежи од снег и кај нас, како и појава на лапавица на некои пониски места.

    – Под влијание на изразена циклонска активност со центар над Медитеранот, во следните часови, како и во текот на претстојната ноќ врнежите од јужните и од југоисточните предели од Македонија ќе се прошират насекаде низ земјава. На местата со надморска височина од 1.000 метри па нагоре ќе има врнежи од снег и ќе се формира нова снежна покривка (над 15 цм, а на планините дури и над 20 цм). Ова ќе доведе до појава на мраз, особено на патиштата, но и поради ниските температури најмногу ќе страдаат овошките – вели за Плусинфо метеопрогнозерот Славчо Попоски.

    Тој истакнува дека снежната граница особено во западните предели локално ќе се спушти и под 1.000 метри, со што појава на лапавица ќе има понекаде и во градовите (можно е и тука формирање на снежна покривка). Ќе продолжи да дува северниот и североисточниот ветер, и особено долж Повардарието ќе биде со засилен интензитет.

    – Потоа во следните денови останува невообичаено студено и наутро температури на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под нулата. Најстуден ден ќе биде утрешниот, кога максималните дневни температури ќе се искачат само во интервалот од 2 до 10 степени. Инаку во следните неколку денови продолжува променливото време со повремени локални послаби врнежи од дожд и снег. Појава на лапавица и понатаму ќе има и на некои пониски места особено на запад и север од Македонија – додава Попоски.

    Според метеопрогнозерот причина за ваквите временски услови е топењето на мразот на Антарктикот, со што доаѓа до ладење на климата во Европа и на Балканот, па затоа ова ни се случува. Попоски истакнува дека во иднина, барем според сегашните анализи, би требало да биде сѐ постудено и ќе следуваат подолги периоди на ладно време, а со тоа повеќе ќе ги немаме топлите зими на кои се навикнавме во последните неколку години.

    Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места, од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 1 до 10 степени.

    Во Скопје и околината ќе биде облачно и студено, а претпладне со услови за слаб дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

    – Во текот на утрешниот ден ќе биде променливо облачно, со услови за локален дожд, а на планините и на некои повисоки места, пред сѐ во западните делови, ќе провејува снег. Од четврток ќе има зголемување на сончевите периоди, а в петок ќе биде сончево со мала до умерена облачност, што ќе придонесе за раст на дневните температури. Во наредните денови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец – информираат од УХРМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img