Воените сили на Белорусија започнаа серија на маневри, на кои се зголемува борбената готовност на трупите, со акцент дека предмет на вежбите е преминување на однесувањето на војската, од мирнодопски во воени услови.
„Главната цел на вежбите е изведување на континуирани обуки, кои ги вклучуваат сите категории на воениот персонал, војните единици и командните центри, кои треба да ги навежбаат координираните мерки за премин од мир во војна“, се наведува во соопштението испратено до Министерството за одбрана на Белорусија.
Иако за многумина овој потег на Белорусија се толкува како подготовка за војна и ангажман во украинскиот конфликт, од Министерството посочија дека вежбите биле испланирани во текот на минатата година.