Министерството за одбрана во Минск објави дека нешто помалку од 9.000 руски војници ќе бидат стационирани во Белорусија како дел од „регионалната групација“ на сили за кои тврди дека се потребни за заштита на нејзините граници.
На Твитер се појави снимка од пристигнувањето на нова пратка руска воена опрема во Белорусија. Возот со воена опрема е снимен во областа околу Минск, главниот град на Белорусија.
Авторитативниот лидер на Белорусија Александар Лукашенко, минатата недела изјави дека дека неговите војници ќе се распоредат со руските сили во близина на украинската граница, за како што вели да се справат со заканите од Украина и од западот, без да приложи докази за таквото тврдење.