More

    Дали Фејсбук и Инстаграм се виновни за „национална криза“ на менталното здравје на децата?

    spot_img

    „Мета“ свесно создава зависност кај децата и младите!

    Ова се тврди во колективна тужба поднесена од повеќе од 40 сојузни држави во САД, меѓу кои Калифорнија и Њујорк. Тие поднесоа тужба против компанијата „Мета“ поради наводно нанесување штета на менталното здравје на младите и свесно дизајнирање функции на Инстаграм и на Фејсбук кои ги прават децата зависни од овие социјални мрежи.

    Во тужбата поднесена до судот во Калифорнија се додава дека „Мета“ рутински собира податоци за деца под 13 години, без согласност на нивните родители, што е кршење на федералните закони, пренесува Асошиетед Прес.

    – Децата и тинејџерите страдаат од лошо ментално здравје, а за тоа се виновни компаниите на социјалните мрежи, како Мета“ – изјави обвинителката на државата Њујорк, Летиша Џејмс.

    Таа додаде дека компанијата профитирала од детската болка „со намерно дизајнирање на своите платформи со манипулативни карактеристики кои ги прават децата зависни од нив, а истовремено ја намалуваат нивната самодоверба“.

    „Истражувањата покажуваат дека користењето на платформите на социјалните медиуми на Мета е поврзано со депресија, анксиозност, несоница, нарушувања во образованието и секојдневниот живот на младите, како и со многу други негативни исходи“, се наведува во тужбата.

    „Мета ги експлоатираше младите корисници создавајќи манипулативен бизнис модел дизајниран да го максимизира времето што го поминуваат на социјалните платформи иако тоа му штети на нивното здравје. Мотивот е профитот“, се вели во тужбата, во која меѓу другото се бараат и големи казни.

    Во тужбата се тврди дека „Мета“ ја довела во заблуда јавноста. кога негирала дека нејзините платформи можат да бидат штетни за менталното здравје.

    Компанијата „Мета“ одговори дека е „разочарана“ од тужбата и дека сојузните држави не соработуваат со голем број интернет компании за да создадат стандарди соодветни на возраста. „Мета“ тврди дека развила повеќе од 30 алатки во своите апликации за поддршка на тинејџерите, како и за да им олесни на родителите да ја „обликуваат“ онлајн активноста.

    „Мета“ смета и дека е разочарувачки што само таа компанија беше издвоена наместо да бара решенија на ниво на целиот сектор, со ривали како ТикТок, Јутјуб или Снапчат.

    „Социјалните мрежи можат да бидат и место каде младите луѓе кои се борат со други проблеми ќе најдат поддршка или заедница“, истакнуваат од компанијата од Силиконската долина.

    Тужбата е резултат на истрага ширум САД, објавена во ноември 2021 година. Истрагата беше покрената откако свиркачот на Фејсбук, Френсис Хауген, објави повеќе од 20.000 страници со инсајдерски документи, кои поттикнаа критики дека „Мета“ го става профитот пред безбедноста на корисниците. За време на сведочењето пред американските и европските законодавци во 2021 година, Хауген тврдеше дека Фејсбук не успеал да ја спречи токсичната содржина и не може да му се верува дека ќе се промени.

    Фејсбук го промени своето име во „Мета“ подоцна истата година, а критичарите веруваат дека причината е токму да се дистанцира од контроверзноста. Шефот на компанијата, Марк Закерберг, тогаш тврдеше дека е „длабоко нелогично“ социјалната мрежа за профит намерно да промовира содржина, што ги налути корисниците.

    Едно истражување покажа дека околу 95 отсто од младите на возраст од 13 до 17 години во САД користат социјални мрежи, а повеќе од една третина од нив изјавиле дека ги користат „речиси постојано“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img