Двопартиска група во Конгресот подготвува нацрт на американски санкции кои ќе бидат насочени кон водечките унгарски политички фигури поврзани со владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Се подготвува нацрт на американските санкции кои ќе бидат насочени кон водечките унгарски политички фигури поврзани со владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Подготовките ги прави двопартиска група во Конгресот, јавува Дневник.хр.
Предлог-законот за санкции ќе ги именува поранешните владини функционери и поддржувачи, главно поврзани со партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан.
Законот е во подготовка од минатата година и се очекува да излезе пред Конгресот следниот месец, каде најверојатно ќе добие широка поддршка, според официјални лица запознаени со процесот на изготвување, пишува Гардијан.
Нацрт-законот за санкции, за кој првпат објави Радио Слободна Европа, се подготвува во време на постојано влошување на односите меѓу Вашингтон и Будимпешта.
Вагнер на списокот со санкции
Во четвртокот, Европската унија ја додаде руската платеничка група Вагнер на листата на санкции поради „активно учество во руската агресивна војна против Украина“, пишува „Гардијан“.
Вагнер, како што се наведува, повторно е додаден на списокот „поради дејствија што го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина“.
Европскиот совет го додаде RIA FAN, руски медиум кој е дел од Patriot Media Group, чиј одбор на директори е предводен од Евгениј Пригожин – шефот на Вагнер – на својата листа на санкции.