More

    Дали е можен заеднички јазик меѓу Ковачевски и Мицкоски?

    spot_img

    Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање од македонското Собрание денеска повика на обединување на сите чинители околу европскиот пат на државата.

    – Нашата земја е соочена со големи предизвици и се наоѓа во пресудни моменти во кои што се одредува нашата иднина. Има потреба од единство, сплотеност, заедништво, лидерство. Тоа го очекуваат нашите граѓани. Тоа ѝ треба на нашата држава и ние сме спремни тоа да го направиме, рече премиерот Ковачевски.

    Тој рече дека е дојдено време за заедништво и соработка, во интерес на повисоките цели на државата и граѓаните.

    – Како државотворни и одговорни лидери и предводници на сите основачки одлуки за независна, еднаква и евроатланска земја во последните три децении, сметам дека е дојдено време да ги повикам сите општествени чинители, граѓаните, медиумите, невладините организации, академската заедница и политичките партии, посебно парламентарните, да се исправат пред предизвикот на пресудните моменти за заокружување на нашата државност преку полноправно зачленување во Европската Унија. Дојдено е време за заедништво, време е за храброст и за лидерство и ние сме подготвени да подадеме рака, надминувајќи се себеси и теснопартиските интереси. Затоа, првенствено ги повикувам коалиционите партнери со кои што ги донесовме тешките и пресудни одлуки за независност, еднаквост и евроатлантска држава како и опозицијата, да се обединиме околу стремежот за евроинтеграција, стремежот за Европска Македонија. Јас сум убеден и подготвен. И сите ние треба да сме убедени и подготвени – рече Ковачевски.

    Претходно СДСМ ја поздрави, како што рече, најавената конструктивност од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски „доколку навистина е искрена“.

    „Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса во Собранието. Да се откажат од блокадите, деструкциите и кочењето и да ја покажат најавената конструктивност со конкретни чекори.

    Тоа е одговорно, тоа е државнички и тоа ќе биде во интерес на сите наши граѓани. Се друго е политиканство и во функција на дневната политика и ќе биде препознаено.

    Исто така, очекуваме оваа најавена конструктивност да се преточи во поддршка на европскиот пат на државата и сите потребни чекори за успешно, брзо и ефикасно завршување на преговорите за полноправно члество во ЕУ. Државата и сите наши граѓани имаат потреба од единство и заедничко делување, во однос на соочување со предизвиците од глобалната енергетска и економска криза, како и за стратешките интереси на земјата. Граѓаните очекуваат работа и резултати. За дуели, дебати и политички препукувања има време“ – се вели во соопштението на СДСМ.

    Мицкоски претходно побара од премиерот Димитар Ковачевски да се сретнат на дебата за предлогот за излез од кризата во енергетскиот сектор. Тој исто така рече дека ВМРО-ДПМНЕ бара и работи на издејстување предвремени парламентарни избори.

    – Дали има или нема Владата стабилно мнозинство, јас нема да навлегувам во такви детали, но она што сакам да го кажам е дека ВМРО-ДПМНЕ бара и работи на предвремени парламентарни избори, бидејќи само предвремени избори можат да ги спасат Македонија и граѓаните од дополнителни порази. Сè останато е само нижење дополнителни порази – рече Мицкоски на прес-конференција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img