Дали БТС ќе може да настапува за време на воената служба?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за одбрана на Јужна Кореја вели дека членовите на популарната К-поп група можеби ќе можат да настапуваат додека ја отслужуваат својата задолжителна воена служба.

БТС е една од најпопуларните музички групи во светот, па поради нивните обврски државата се труди да ги смести и да го прилагоди нивниот воен рок. И покрај ова, членовите на бендот се уште размислуваат да направат пауза за да продолжат со соло кариери.

Мажите од Јужна Кореја мора да служат задолжителна воена служба најмалку 18 месеци пред да наполнат 28 години. Минатата година властите направија исклучок за членовите на групата БТС – можеа да ја одложат обврската до 30 години. Тоа значи дека најстариот член Џин, кој има 29 години, би отслужил воен рок на крајот на годината. Но, јужнокорејскиот министер за одбрана Ли Јонг-суп на парламентарна седница изјави дека се истражуваат опции за алтернативна воена служба за групата.

„Членовите на БТС треба да служат војска и сигурен сум дека ќе најдеме начин да добијат шанса да вежбаат, да им дозволиме да ја напуштат земјата и да настапуваат секогаш кога имаат закажани концерти на отворено“, рече министерот. Тој додаде дека многу луѓе ги почитуваат уметниците кои служат во војска, па ова може дополнително да ја зголеми популарноста на групата, пренесува онлајн порталот nme.com.

Инаку, оваа многу популарна група двапати беше номинирана за Греми, а членовите со своите хитови и концерти заработија значителни суми. БТС се состои од Ким Сеокџин, Мин Јонги, Ким Намџун, Јунг Хосеок, Парк Џимин, Ким Таехјунг и Џеон Јунгкук, кои постигнаа голем успех во 2018 и 2019 година кога отидоа на светска турнеја наречена Love Yourself Tour.

Share This Article