Актерот неодамна го продаде својот удел во продукциската куќа План Б, што доведе до шпекулации за неговото заминување од Холивуд.
Популарниот американски актер неодамна беше забележан како се излежува под жешкото мексиканско сонце со својата прекрасна девојка Инес де Рамон.
Од декември, Бред има една грижа помалку. Всушност, тој го продаде мнозинскиот удел во неговата холивудска продукциска компанија План Б на крајот на 2022 година и, како што известува Page Six, сето тоа е дел од планот за излегување од Холивуд. Актерот ја основал компанијата заедно со неговата поранешна сопруга Џенифер Анистон, а по постигнувањето на оваа цел, еднаш им се доверил на пријателите дека ќе се пресели во Франција.
„Бред одлучи дека сака да живее мирен живот. Сега е во фаза кога одлучува како ќе изгледа „полупензионирање“ за него“, изјави извор близок до актерот за Page Six, но негираше дека Бред со ова ќе ја прекине својата актерска кариера. Ова првенствено треба да значи дека тој ќе избегнува нови деловни потфати и ќе се фокусира на постоечките.
„Тој сака мир!
Уште еден извор, кој зборуваше за Page Six за плановите на актерот, откри дека тој се уште размислува да го напушти филмот: „Размислува да го напушти Холивуд и да се пресели во Франција и да работи на своето лозје и уметност и да прави мебел. Тој сака да живее во мир“.
59-годишниот актер сака да се посвети на производството на вино на својот имот Шато Миравал, кој го купи за време на бракот со Анџелина Џоли, но тешко дека целосно ќе се збогува со филмот. Деновиве тој го промовира својот следен проект, Формула 1 тркачкиот филм, кој исто така е создаден во соработка со седумкратниот светски шампион во Ф1, Луис Хамилтон.