Дали беше уставен рокот за замена на документите до 12 февруари

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Screenshot

Уставниот суд утре ќе ја разгледува иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за оценување на уставноста и законитоста на измените на Законот за патните исправи.

Стотици илјади граѓани годинава поминаа повеќе месеци во „државен притвор“ и беа принудени  во неподносливи услови да вадат пасоши со новото уставно име на државата, затоа што претходната власт на СДСМ и ДУИ со закон одреди дека старите ќе важат до 12 февруари 2024 година.

Неизвесно е каква одлука ќе донесат утре уставните судии, но каква и да е, впечатокот кај граѓаните е дека сега е доцна за што било, затоа што  речиси сите извадија нови документи со новото име на земјата. Процесот на вадењето на докуметите беше тотално понижувачки, а илјадници граѓани имаа различни видови на проблеми – спреченост да ја напуштат државата, неможност да извадат пари од банка итн.

На веб-страницата на Уставниот суд се објавени делови од иницијативата со која ВМРО-ДПМНЕ го оспорува член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи.

„Според наводите во иницијативата, државата сама го декларира рокот на истекување на важноста на патните исправи на печатените обрасци во моментот на издавање на секоја патна исправа, а потоа со закон истиот го измени на директна штета на граѓаните. Се наведува дека истекувањето на рокот на важност порано од декларираниот рок на документите ги става граѓаните во состојба на изгубена правна заштита и правна сигурност. Исто така, подносителот тврди дека со промената на датумот на важност, сите лица кои извадиле патна исправа во периодот од јули 2014 до јули 2021 година (кога стапува на сила оспорениот закон) се ставени во нееднаква и дискриминирана позиција, во споредба со сите останати лица, затоа што се обврзани на свој двоен трошок повторно да извадат патна исправа. Тоа значи дека за истата услуга, некои граѓани плаќаат двојно, независно од тоа што совесно и одговорно си ги промениле своите документи“, објави Уставниот суд.

ВМРО-ДПМНЕ во иницијативата наведува и дека заради оперативната и техничката неможност за издавање на стотици илјади патни исправи во предвидениот рок до 12 февруари 2024 година, дури и под услов сите лица да аплицираат до наведениот термин, управните служби на Министерството за внатрешни работи нема да бидат во можност да ги изработат сите овие документи во наведениот рок.

„Подносителот на иницијативата тврди дека стотици илјади граѓани нема да бидат во можност да ја напуштаат Републиката и да се вратат во неа по наведениот датум, а истото ќе има ефект врз нивната слобода на движење, како и врз стопанскиот промет во државата. Заради неверојатниот метеж при аплицирање и подигање на документите граѓаните се приморани дополнително да го бранат сопствениот морален интегритет од разните форми на понижувачко однесување на институциите“, пишува во иницијативата, пренесува Уставниот суд.

Утре судиите ќе одлучат дали ќе ја прифатат или ќе ја отфрлат оваа иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата на 15 јануари оваа година, тогаш како опозиција, до Уставниот суд поднесе иницијативи за оценка на уставноста на измените на Законот за пасоши, како и на изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, донесени во 2021 година, со кои се утврди дека краен рок за замена на патните исправи и на возачките дозволи е 12 февруари 2024 година. ВМРО-ДПМНЕ тогаш побара Судот да донесе и времена мерка, односно да се запре извршувањето на оспорените членови на законите додека не се донесе одлука дали тие се уставни или не. Од партијата тогаш побараа Уставниот суд што поскоро да ја донесе одлуката, во интерес на граѓаните, а поради катастрофалната состојба на пунктовите на МВР за издавање на личните докумети.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article