More

    Дали американското знаме отсекогаш имаше 50 ѕвезди?

    spot_img

    Филмот на Кристофер Нолан, „Опенхајмер“ е хит ширум САД и светот, па секако ќе се најде и по некој гледач кој внимателно ќе ја следи секоја подробност. Така, љубителите на историјата забележале грешка во сцената на говорот на Роберт Опенхајмер сместената во 1945 година, при што зад него се гледаат американски знамиња…

    Имено, знамето прикажано во тој дел не било користено во Соединетите Американски Држави до 1959 година – што е точно. Од 1912. до 1959., САД имаа знаме, со 48 ѕвезди бидејќи Хаваи и Аљаска сѐ уште не се сметаа за сојузни држави.

    Во 1959., тие две територии станаа сојузни држави на САД, па американското знаме беше сменето во она како што го знаеме денес – со 50 бели ѕвезди на сино поле во аголот од знамето горе лево опкружен со 13 црвено-бели ленти.

    Инаку, во други сцени од филмот се користи старото знаме.

    Оние кои критикуваат, тврдат дека ова е голем пропуст за филм којшто има за цел да биде историски точен во секој поглед. За други пак, тоа е една мала, скорои незабележлива ситница којашто не го прави филмот никако полош.

    Филмот „Опенхајмер“ ја следи приказната за американскиот научник Џ. Роберт Опенхајмер и неговата улога во развојот на атомската бомба и крајот на Втората светска војна. Насловниот лик го глуми Килијан Марфи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img