More

    Даку се извини без да ги спомене Македонците, сака да се спаси од казната од УЕФА

    spot_img

    Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку, кој упати пцовски кон Македонците по мечот со Хрватска, преку социјалните мрежи испрати извинување со цел да избегне казна поради која може да го пропушти останатиот дел од ЕП 2024.

    Во неговата објава тој им се извинува на македонските граѓани, но без воопшто да ги спомне конкретно.

    „Извинете ако некого навредив по натпреварот со Хрватска, ефектот на играта си го направи своето. Продолжувам да работам за целиот тим за нашите соништа“, напиша Даку.

    Целото извинување може да го причитате во неговата објава на Фејсбук.

    Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави вечерва дека отвори истрага против албанскиот репрезентативец Мирилинд Даку во врска со националистичките скандирања против македонската држава по завршувањето на вчерашниот дуел на ЕВРО2024 меѓу Албанија и Хрватска.

    Даку, кој е роден во Косово, по завршувањето на натпреварот од второто коло во групата Б меѓу Албанија и Хрватска се упати кон трибините на стадионот во Хамбург и преку мегафон ги навредуваше Македонците и македонската држава, а потоа ги повика во тоа да му се приклучат и навивачите на албанската репрезентација.

    Претходно денеска, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги „осуди постапките“ на Даку и побара „релевантните институции да го истражат овој инцидент и да преземат соодветни дисциплински мерки за зајакнување на стандардите на однесување што се очекуваат од сите спортисти“, а од Даку побара извинување за неприрниот чин.

    Паралелно со истрагата против Даку, УЕФА соопшти дека ќе отвори истрага за расистичко и дискриминаторско однесување на навивачите кои од трибините во Хамбург го следеа вчерашниот дуел меѓу Албанија и Хрватска.

    Во текот на второто полувреме од трибините на стадионот можеше да се слушне како дел од албанските и хрватските навивачи заедно скандираат „Убиј го Србинот“.

    Барање за поведување истрага во текот на денот дојде и од Фудбалската федерација на Србија (ФСС), чиј генерален секретар Јован Шурбановиќ не ја исклучи можноста српската репрезентација да се повлече од ЕВРО2024 доколку инволвираните страни во инцидентот не бидат соодветно казнети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img