Претседателот на Социјалистичката партија на Србија и кандидат на таа партија за премиер Ивица Дачиќ изјави дека санкциите против Русија не се политика на оваа влада и дека нивното воведување не е во интерес на Србија.
„Има огромен притисок да се смени тој став, но нашата волја е и голема да ја спасиме Србија од секое лошо сценарио кое би им наштетило на нашите интереси. Затоа ни требаат луѓе кои знаат да одолеат на притисокот и да ги донесат најдобрите одлуки за својата земја“, изјави Дачиќ за „Политика“.
Тој изјави и дека гласот за Александар Вучиќ, кого СПС го поддржува како заеднички кандидат за претседател, е „глас за мирна и стабилна Србија, како што беше досега, дури и во најтешките времиња“.