More

    Дачиќ прашува со кое право и според кој документ косовската полиција била таму

    spot_img

    Србија треба да се чува од сите провокации, а Србите на Косово треба да останат мирни и да ѝ веруваат на својата земја, која ќе направи сè за да го зачува мирот – изјави првиот потпретседател на српската владата и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ.

    По вчерашните судири и смртта на тројца Срби и еден косовски полицаец, Дачиќ за телевизија Прва изјави дека во оваа ситуација меѓународната заедница практично дозволува да дојде до конфликт на Косово, оставајќи ги Србите да бидат застрелани од „косовско-албанската полиција“.

    – Велам косовско-албанската полиција, бидејќи тоа е албанска полиција, а косовската полиција би била ако и Србите беа таму – објасни Дачиќ и додаде дека целата суштина на Бриселскиот договор е Србите да управуваат со територијата каде што живеат Срби.

    Дачиќ рече дека најважното прашање е „што правела косовската полиција таму, според кој закон и според кој документ“.

    Според бриселските договори, потсети Дачиќ, „мора да се најават сите акции на косовската полиција“, а „таму каде што живеат Срби, косовската полиција треба да биде составена од Срби“.

    – Зошто не му дозволија на КФОР да се справи со оваа ситуација – праша Дачиќ.

    Тој оцени дека КФОР „апсолутно можел да го спречи“ вчерашниот оружен конфликт.

    – Каде има докази дека е вмешан Белград? Нема. Го осудуваме убиството на албански полицаец, тоа не е во интерес на Србите – рече Дачиќ.

    Тој го обвини косовскиот премиер Аљбин Курти за инцидентот, наведувајќи дека „сака да предизвика војна“.

    – Ваквите ескалации може да доведат до конфликти кои не можат да се запрат – рече Дачиќ.

    Тој посочи дека Србија е „за продолжување на дијалогот“ со Приштина, но пред сè „за почитување на принципите што беа договорени пред десет години“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img