More

    Дачиќ: Постои солидарност меѓу земјите за евакуација на српските граѓани од Израел

    spot_img

    Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ изјави дека „постои солидарност меѓу земјите во однос на помошта“ и евакуацијата од Израел, со оценка дека прашање е како ќе се развива ситуацијата на Блискиот Исток, со оглед на тоа што „постои нема можност за политичко решение прифатливо за сите“.

    Пред два дена превезовме црногорски државјани, а синоќа 11 наши граѓани“, рече Дачиќ во гостувањето на ТВ Прва.

    Тој додаде дека Србија го осудува тероризмот, но дека „мора да биде внимателна, имајќи ги предвид политичките односи со одредени земји“.

    „На седницата на Советот за безбедност на ОН немаше единствена осуда на терористичкиот акт. Се гледа како се дели картата на светот“, рече министерот и додаде дека „проблемот е што не постои можност за политичко решение прифатливо за сите“.

    „Израел и Палестина се наши пријатели. Имавме развиено дипломатски односи и контакти со двајцата, без да се мешаме во тој политички дел“, рече Дачиќ.

    Дачиќ рече дека во времето на избувнувањето на новите конфликти во Израел имало околу 200 туристи од Србија, дека одреден број српски државјани имаат израелско државјанство, дека многу српски државјани побарале азил во Израел и дека „секој ден се појавува некој нов .

    „Владата на Србија донесе одлука да организира лет за евакуација, што и го направи, а останатите беа редовни летови. Ер Србија се уште лета“ за Израел, рече Дачиќ и додаде дека ќе се види дали има потреба од уште еден лет за евакуација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img