Косовскиот премиер Аљбин Курти е најголемата закана за мирот и стабилноста, а елиминацијата на причините поради кои беа поставени барикадите ќе доведе до деескалација на ситуацијата, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Дачиќ по разговорот со шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон рече дека Србите сакаат да бидат дел од мирното решение, а барикадите се форма на политички протест и реакција на апсењето на Србите.
Фајон рече дека за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, неопходно е да се спроведат претходно постигнатите договори, вклучително и Заедницата на српските општини, наведувајќи дека тоа е обврзувачко за сите страни.