More

    Да не трепка тук-таму некој излог, не се гледа дека и во Скопје иде Новата година

    spot_img

    Полека ги одбројуваме деновите до прославата на најлудата ноќ во годината, a Скопје и натаму е град на сивилото. Нема абер од градоначалничката Данела Арсовска дали и кога ќе почне украсувањето на метрополата, иако во емисијата „360 степени“ емитувана на 9 декември таа најави дека главниот град ќе биде украсен.

    – Да, ќе се украсува главниот град, но во рамките на нашите можности, како и во рамките од оваа криза. Се предвидува и пречек на Новата година, но повеќе детали ќе бидат соопштени на посебна прес-конференција за новогодишното китење, како и за програмата за најлудата ноќ – рече Арсовска.

    И минатата година, украсувањето на Скопје беше неизвесно и се чекаше речиси до последен момент. Арсовска лани најави дека украсувањето ќе почне на 10 декември, но ангажманот на компанијата „Линк медиа“ доцнеше речиси цела недела. Договор за украсување со оваа фирма имаше склучено претходниот градоначалник Петре Шилегов во вредност од скоро 250.000 евра. Тогаш Арсовска рече дека Скопје ќе се украсува бесплатно преку донација за што имаше согласност и од „Линк медиа“. Но, затоа градот беше минимално украсен само во строгиот центар.

    Како што претходно објавивме, повеќето скопски градоначалници рекоа дека ќе ги пренаменат средствата за украсување на општините поради економската и енергетската криза, но дека на соодветен начин ќе им овозможат на жителите да ја почувствуваат еуфоријата која ја носи овој период од годината.

    И додека скопјани ја очекуваат најавената прес-конференција на која Арсовска ќе ги објави деталите како ќе блесне Скопје пред новогодишната ноќ, некои општини веќе ги украсија плоштадите.

    Најпозитивниот пример доаѓа од општина Крива Паланка, каде што пред неколку дена централното градско подрачје блесна во новогодишен сјај.

    – Блескава новогодишна атмосфера го осветли градот, за нови насмевки, радост и незаборавни моменти во пресрет на највеселите празнични денови што претстојат. Нека сјајот во детските очи и убавата енергија во мислите на граѓаните бидат единствена слика на нашата убава Крива Паланка – се наведува во објавата на страната на Фејсбук на општината.

    Градоначалникот на Крива Паланка Сашо Митовски вели дека за празничното украсување и осветлување не е потрошен ниту денар од општинската каса, затоа што тоа е донација од компании со кои соработува општината, но и од граѓани од Крива Паланка кои се на привремена работа во странство.

    – Сите пари за украсувањето се обезбедени преку спонзорство од домашни и од странски фирми. Кога велам странски, мислам на фирми на наши иселеници кои потекнуваат од Крива Паланка и од околината. Украсувањето чини вкупно 12.000 евра, без да се потроши ниту денар од градската каса. Цел град е украсен, не само плоштадот. Има поубава и поголема елка, има куќички за греено вино, кафе, чај, колбаси, мекици, новогодишни украси – вели Митовски, кој на својот профил на Фејсбук јавно им се заблагодари на донаторите.

    Социјалните мрежи се преполни со позитивни коментари за новогодишното украсување на општина Крива Паланка.

    Програми за дочек на новата година најавија Охрид, Струга и Штип. На системот за јавни набавки може да се видат огласи за украсување и прослава од општини како Битола, Зрновце, Струга Ресен, Новаци, Делчево, Градско и Кавадарци. Оглас за украсување објавил дури и ГТЦ Скопје.

    Медиумите и социјалните мрежи се преплавени од фотографии од европските и балканските градови кои го живеат празничниот пулс, додека граѓаните и туристите што го посетуваат Скопје, засега се лишени од таа атмосфера.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img