ДА НЕ ГО НАГРДИМЕ СПОМЕНОТ ЗА ГОЦЕ!

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Провоцираните судири меѓу граѓаните на Република Северна Македонија и Република Бугарија би биле неприфатливо светогрдие за споменот на Гоце Делчев! Тие ќе фрлат грда сенка не само на односите меѓу нашите најблиски земји, туку и на оние кои загинаа за слободата на Македонија од османлиската власт – се наведува во апелот да не се дозволи ескалација на тензиите по повод одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Апелот, упатен до граѓаните и политичарите во Македонија и во Бугарија, го објави поранешниот претседател на Бугарија Петар Стојанов, а на него се приклучиија редица потомци на истакнати револуционери и преродбеници, меѓу кои и правнукот на Гоце Делчев и управител на Фондацијата за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“ – Христо Христов.

Меѓу потписниците на апелот се и внуката на полковникот Борис Дрангов – Рајна Дрангова, правнуката на охридскиот фолклорист и етнограф Кузман Шапкарев, внуката на војводата Тодор Александров, внукот на штиипскиот војвода Мише Развигоров и други.

„Не треба да дозволиме одделни групи луѓе во двете земји, свесно или несвесно, да ја уништат работата на нашите предци“ – се вели во апелот, пренесе БТА.

Share This Article