More

    Д-р Стевановиќ вели внимателно се следи состојбата и препораките

    spot_img

    Директорката на Инфективната клиника во Скопје д-р Милена Стевановиќ во гостување на Сител телевизија рече дека секој кој ќе се посомнева во инфекцијата веднаш да се упати на Инфективна клиника.

    Има голем број на Македонци кои работат во афричките земји, па затоа алармот треба да биде вклучен, велат експертите.

    – Инкубацијата е долга, човек може 21 ден да биде инфициран а да нема никаков симптом, појавата на симптоми што значи, висока температура, главоболка, мускулни болки, отекување на лимфните жлезди и појава на исип е специфично за оваа болест – рече директорката на Инфективната клиника во Скопје, д-р Милена Стевановиќ.

    Инаку, досега мајмунските сипаници не сме имале можност да ги лекуваме во Македонија бидејќи е африканска болест. Но докторите се убедени дека знаат што треба да направат доколку истите бидат регистрирани во Македонија.

    – Ги следиме препораките, внимаваме на состојбата, како во земјата, така и надвор. Апелираме до луѓето кои патуваат, да внимаваат, да се заштитат, да држат дистанца. Патувањето во ризичните подрачја не се препорачува и затоа треба да бидеме исклучително одговорни – апелира д-р Стевановиќ.

    Таа посочи дека не треба да се потценува нашиот здравствен систем и оти сите пациенти ќе бидат следени, евидентирани и третирани на Клиниката за инфективни болести.

    – Немојте да ја намалувате вредноста на нашиот систем. Нашиот систем е далеку од идеален, но е подготвен и цврсто стоиме на нашите нозе и имаме капацитет да се справиме со заразна болест. Во моментот кога ќе излезат комерцијалните тестови за сипаниците, ќе ги имаме и ние – вели директорката на Инфективна.

    Како и секоја друга вирусна инфекција, така и кај мајмунските сипаници, таа вели дека најпогодени би биле младите, повозрасните лица и лицата со хронични болести.

    – Прекинатите ланци на вакцинација, ќе доведе до појава на сериозни вирусни болести. Мојот апел е вакцинацијата да не престане и да не се дозволи пропуштање на вакцинацијата кај децата. Тоа е причина зошто ни се јавуваат поранешните вирусни болести, вели Стевановиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img