More

    Д-р Мемедовиќ вели дека Комисијата ја следи состојбата со морбили, донесени неколку препораки

    spot_img

    Во добра здравствена состојба е пуштено на домашно лекување бебето (13 месеци) од Свети Николе кај кое беа потврдени морбили, рече портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ кој додаде дека не се очекува да има никакви последици по здравјето на детето.

    Во таа насока, д-р Мехмедовиќ денеска соопшти дека Комисијата донела неколку препораки што се однесуваат на адаптација на системот во однос на следењето и менаџирањето на случаи со морбили коишто би можеле да се очекуваат во иднина во нашата земја.

    – Првата и основна работа е да се засили епидемиолошкиот надзор врз сите осипни трески затоа што на тој начин ќе можеме побрзо да го ублажиме процесот на новодетектираните случаи. Второ да се подигне свесноста помеѓу здравствените работници и популацијата за постоење на морбили во државата, трето матичните лекари, педијатрите и инфектолозите внимателно да ги следат симптомите карактеристични за морбили и истите да ги пријавуваат до надлежните центри за јавно здравје, а суспектните случаи да ги препраќаат на специјалисти – вели д-р Мемедовиќ.

    Тој додаде дека сите материјали што ќе бидат земени од суспектните случаи треба да бидат испратени до референтната лабораторија за јавно здравје за дефинитивна дијагноза.

    Д-р Мехмедовиќ потенцираше дека потребно е да се направи и дополнителен преглед во документација на сите оние кои не се вакцинирани деца со цел да се покријат и тие дупки што можат да бидат причина за појава на нови случаи и додава дека треба да се засили процесот на едукација на населението за ефикасноста и важноста на вакцината бидејќи е најефикасен начин за контрола на морбилите.

    На прашањето дали се знае изворот на инфекција кај 13-месечното бебе, тој истакна дека пред да се појават симптомите детето било на Клиниката за очни болести поради инфекција на очите, а потоа било испратено на испитувања во Институтот за микробиологија и Центарот за јавно здравје веќе работи на епидемиолошка анализа за да истражат дали има потенцијални случаи коишто би можеле да ја пренесат инфекцијата.

    – Сега во моментов нема дополнителни суспектни случаи. Сѐ уште е актуелно законското решение дека оваа вакцина е задолжителна и тоа треба да се почитува, невакцинирањето на детето меѓу другото има и правни последици ние секако како КЗБ апелиравме дека децата треба да се вакцинираат за да се заштити нивното здравје – додаде портпаролот на КЗБ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img