Д-р Фаучи се заразил со ковид-19

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Директорот на Американскиот институт за алергии и заразни болести и главниот медицински советник на американскиот претседател, Ентони Фаучи, денеска бил позитивен на тестот за ковид-19, соопшти Институтот.

Како што се наведува, Фаучи примил две дози вакцина и две бустер дози, а моментално има благи симптоми на болеста, но е во изолација и ќе продолжи да работи од дома, јавува Си-Ен-Ен.
– Д-р Фаучи ќе се изолира и ќе продолжи да работи од својот дом. Тој ќе ги следи упатствата за заштита од ковид-19 и медицинските совети од неговиот лекар и ќе се врати во Институтот кога тестот ќе биде негативен – стои во соопштението на Институтот за алергија и заразни болести.

Се додава дека Фаучи претходните денови не бил во контакт со претседателот Џо Бајден, ниту со некој висок државен функционер.

Share This Article