More

    Човекот што ги уби сопругата и двете деца во Тузла го планирал злосторството

    spot_img

    Тузланецот Мујага Чичкошиќ ги убил сопругата и двете деца на возраст од 9 и 2 години, а потоа одејќи во стан во зградата од другата страна, се самоубил скокајќи од 14 кат.

    Ова невидено злосторство го потресе целиот регион, а полицијата првично мислеше дека се работи за убиство и самоубиство извршено во афект како резултат на нервно растројство. Но, по претресот на станот во кој сопругот ги убил сопругата и децата откриени се стравични детали што донесе пресврт во истрагата, објави Република.рс

    Истражните екипи ја пронашле секирата која најверојатно била употребена за извршување на убиството. Пронајдени се и други остри предмети, а истрагата ќе утврди дали Чичкошиќ го убил семејството со сечило или со тап дел од секира. Наредено е вештачење.

    Според неофицијални информации на Аваз, обвинителите и истражителите сметаат дека мотивот за грозоморното убиство би можела да биде љубомора.

    Чичкошиќ, како што потврдија за Аваз, пред неколку дена се вратил од Германија, каде што работел како медицински техничар.

    Се вработил во Клиничкиот центар на Универзитетот во Тузла каде што работела и неговата сопруга, но заминал да работи во Германија.

    Дознаваме дека Чичкошиќ, како што досега покажала истрагата, детално го испланирал бруталното злосторство.

    Како што потврди изворот, тој неколку дена пред злосторството купил секира на пазарот во Тузла и со неа ги убил членовите на семејството. Во станот била пронајдена глетка од која се замрзнува крвта во вените, целиот стан бил растурени, а предметите уништени. Сопругата, како што покажа истрагата, се обидела да ги спаси децата, но не успеала.

    Она што ги шокираше истражителите е тоа што Чичкошиќ по страшното злосторство оставил белешка на вратата од станот. Во белешката тој напишал имињата на одредени луѓе. Полицијата сега истражува за кого станува збор. Наводно, меѓу нив се и имињата на одредени роднини кои му помогнале да се вработи во Германија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img