Човекот кој со својот автомобил помина низ оградата на аеродромот во Хамбург и ја држеше ќерка си 18 часа како заложник по преговори е уапсен, а девојчето не е повредено

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Човекот кој со својот автомобил помина низ оградата на аеродромот во Хамбург и ја држеше ќерка си 18 часа како заложник по преговори е уапсен, а девојчето не е повредено.

Како што јави Би-би-си, властите веруваат дека овој настан се случил по конфликт меѓу таткото и мајката на девојчето, за тоа кој ќе го воспитува и дека киднапирањето дошло по таа расправија.

Мајката на детето синоќа ги известила итните служби и полицијата дека е однесена нивната четиригодишна ќерка. Портпаролката на полицијата во Хамбург, Сандра Левгруен, претходно денеска изјави дека мажот не се согласува со некои од одлуките на властите во врска со договорот за тоа кој ќе биде одговорен за воспитувањето на детето, па затоа сакал да отпатува во Турција со детето.

Мажот и неговата ќерка, која ја држел како заложник на аеродромот, го напуштиле автомобилот со кој осомничениот претходно ја пробил безбедносната бариера на северната капија на аеродромот.

Share This Article