Човек со парализа успеа да игра шах движејќи курсор со чип во неговиот мозок. Се работи за мозочниот чип на компанијата „Неуралинк“ на познатиот милијардер Илон Маск. Компанијата објави деветминутно видео од човекот како ги поместува шаховските фигури на екран.
– „Неуралинк“ ми даде способност повторно да го сторам тоа и играв осум часа по ред – изјави во видеото29-годишниот Ноланд Арбо кој се здобил со парализа под рамото по несреќа во нуркање.
Во врска со вградувањето на имплантот Арбо вели:
– Операцијата беше супер лесна – рече Арбо на презентацијата.
Тој рече и дека го користел мозочниот имплант за да ја игра видео играта „Цивилизација VI#.
Сепак, Арбо признава дека новата технологија не е совршена и дека тимот наишол на некои проблеми.
Уредот на „Неуралинк“, кој е приближно со големина на паричка од едно евро, е вметнат во черепот, со микроскопски жици кои можат да ја читаат активноста на невронот и да испратат безжичен сигнал до единицата што прима. Компанијата спроведе и испитувања на свињи и тврди дека мајмуните можат да играат основна верзија на видеоиграта „Понг“.
На „Неуралнк“ му беше дадена дозвола да го тестира чипот на луѓе од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) во мај 2023. „Неуралнк“ е една од сè поголемиот број компании и универзитетски оддели кои се обидуваат да ја усовршат и на крајот да ја комерцијализираат оваа технологија.
Оваа технологија која се вика интерфејс мозок-компјутер (BCI) – е местото каде што се чини дека во моментов се насочуваат многу милиони долари за истражување.