More

    ЧОВЕЧКО ТЕЛО ИЗВЛЕЧЕНО ОД ВОДИТЕ НА ВАРДАР

    spot_img

    На бројот за итни повици 112 во ЦУК, вчера околу 21.30 часот риболовец пријавил дека забележал безживотно човечко тело пред вливот на реката Тополка во Вардар во близина на последните куќи од јужната страна на Велес.

    Од страна на Секторот за операции и координација од ЦУК веднаш биле известени МВР, ДЗС, ТППЕ Велес, Општина Велес како и Доброволното друштво „Македонски спасител“ од Велес.

    – Бидејки влегувањето во брзите и надојдени води на реката Тополка во текот на ноќта не било безбедно, извлекувањето на телото било извршено денеска претпладне околу 10.00 часот од страна на тим од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ – велат од ЦУК.

    Телото е идентификувано од страна на синот кој синоќа пријавил дека неговиот татко С.С. (80) е исчезнат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img