Цел свет е луд по популарната чоколада од Дубаи, но какви ефекти има тоа врз здравјето? Популарното чоколадо со своите состојки – ф’стаци, таан и печен кадаиф привлече голем број луѓе. Сепак, неговата висока цена не е единствениот проблем поврзан со овој десерт.
Иако привлекува внимание со луксузниот изглед и неодоливиот вкус, диететичарката Мерве Бајрам предупредува на штетното дејство на ова чоколадо.
„Шеќерот, мастите, кофеинот и другите состојки во чоколадото од Дубаи може негативно да влијаат на варењето, предизвикувајќи рефлукс, гасови и грчеви, особено кај луѓето со чувствителен дигестивен систем“, објаснува Бајрам.
Чоколадото од Дубаи, богато со ф’стаци, може да биде ризично за луѓето алергични на овој јаткасто овошје. Бајрам предупредува: „Кремот од кикирики и тој со сусам може да предизвикаат сериозни алергиски реакции, додека глутенот во кадаифот е проблем за луѓето со целијачна болест или нетолеранција на глутен. Печениот кадаиф за некои може да биде тешко сварлив, но помала е веројатноста да предизвика алергиски реакции“.
Бајрам истакнува дека чоколадото од Дубаи содржи многу шеќер, кој брзо го зголемува нивото на гликоза во крвта, го стимулира лачењето на инсулин, а со текот на времето може да доведе до отпорност на инсулин и да го зголеми ризикот од дијабетес тип 2.