Чоколадна статуа подигната во Лондон

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Чоколадото има моќ да не шармира и возбуди со својот магичен вкус. И што се случува кога уметноста ќе се сретне со оваа популарна бонбона? Раѓањето на чоколадната статуа на Вили Вонке.

Во средата вечерта, на плоштадот Трафалгар се појави статуа висока речиси два метри на Тимоти Шаламет како Вили Вонке, а таа беше направена од чоколадо. Скулпторката Џен Линдзи-Кларк го создаде ова уметничко дело кое го најавува претстојниот филм „Вонка“.

На скулптурата уметникот потрошил пет недели и 90 литри стопено чоколадо. Ова не е нејзина прва чоколадна статуа. Пред извесно време, таа направи и чоколадна слика на кралот Карл. Повеќе во клипот погоре.

Share This Article